Порно глумицата Сторми Даниелс се разведува поради Трамп

Крејн издејствувал судска забрана за порно актерката да му се доближува и нему и на нивната ќерка.

381

Порно глумецот Глендон Крејн побарала развод од својата далеку попозната колешка и сопруга Сторми Даниелс, која последниве месеци е актуелна со наводната афера со американскиот претседател Доналд Трамп која се случила минатата деценија.

Наводите ги потврди и нејзиниот адвокат Мајкл Авенати. Уште повеќе, Крејн издејствувал судска забрана за порно актерката да му се доближува и нему и на нивната ќерка, оти не сакал девојчето да биде вмешано во намерата Даниелс „да ја направи Америка повторно „напалена“, односно во нејзината кампања против Трамп.

– Мојата ќерка не го заслужува ова. А, ни Крејн. Но, не го правам ова заради слава, немам потреба, јас не бев пензионирана – вели глумицата.

Крејн и Даниелс се во брак девет години и имаат едно дете. Тоа било трет брак за Даниелс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...