Грчките археолози пронајдоа речиси неоштетен гроб на античката благородничка на островот Сикинос.
Во гробницата се пронајдени повеќе парчиња златен накит, но и натпис со името на закопаната благородничка, која се викала Неко.
– Ова е навистина многу ретко. Наоѓалиштето е едно од најимпресивните, но има и идентитет. Сега знаеме за кого е изградено и ги имаме нејзините остатоци и нејзиното име, истакна археологот Димитрис Атанасулис.
Гробницата е пронајдена во комплексот Епископи, каде подоцна во визнтискиот период биле изградени црква и манастир.