Мајка осудена на 40 години затвор за сурово убиство на двегодишниот син

Жената која била пијана, признала дека во напад на бес го тепала синот со ремен со нитни, го фрлила на земјата и го шутирала по главата и стомакот.

189

Жена во САД била осудена на 40 години затвор, откако го претепала двегодишниот син, поради тоа што се измокрил в кревет. Како што пренесува „Еспресо.рс“, жената која била пијана, признала дека во напад на бес го тепала синот со ремен со нитни, го фрлила на земјата и го шутирала по главата и стомакот.

Триесетгодишната мајка, исто така, признала дека заедно со алкохолот, земала и аналгетици. Таа се разбеснила уште повеќе, откако синот ѝ се обратил со името на блиската роднина, која до неодамна се грижела за него.

Тужителот во случајот рекол дека детето имало крвавење во мозокот, изгореници на главата од гаснење цигари и ужасни повреди на гениталиите.

По смртта на детенцето, неговата мајка заедно со баба му ја исчистиле крвта, ги избришале трагите и повикале Итна помош. Тие рекле дека детето се задавило од сок од јаболко.

Мајката убиец рекла дека се кае, а бабата тврдела дека не е виновна, а ќе ѝ се суди во ноември.

На полицајците што го воделе овој случај им се слошило поради бруталноста со која било постапено кон детето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...