Српската пејачка Јелена Карлеуша се обидела да ја навреди победничката на „Задруга” Кија Коцкар, во врска со нејзиниот прв сингл, но не го очекувала одговорот кој го добила.
Како што се знае, Кија сними песна и спот со „Министерки” за нумерата „Не се враќам на старо”. Овој спот за помалку од 24 часа имаше скоро 2 милиони прегледи, а сега има близу 3 милиони. Спотот е прв по гледаност во регионот.
-Додека бројни следбеници и пружија поддршка, има и такви кои пробаа да ја спуштат, а испаднаа смешни-пренесува „Блиц”.
Карлеуша на социјалните мрежи напиша:
-Знаете што, ако во Србија Кија со такво пеење, изглед и харизма, е прва во гледаност, сериозно размислувам да вложам пари во моите дадилки и гардероберката. Би растуриле! Не се шегувам-напишала таа и се обидела да ја навреди Кија.
Сепак Кија набргу одговорила и никако не и останала должна.
-Во право си Јецо, би требало. И јас на 17 години работев како гардероберка во клуб. Закачував јакни. Не се шегувам. А види ме сега-одговорила Коцкар.