Македонија ќе чека Косово да попушти пред да воведе контрамерки за повисоките царини

Од Министерството за земјодлество информираат дека решение за проблемот со воведените заштитни мерки од страна на Косово ќе се бара и на заедничка средба на сите ресорни министри од регионот која ќе се одржи во среда.

84

Македонија очекува Владата на Косово да се премисли и да го повлече зголемувањето на царините за увоз на овошје и зеленчук со што ќе се надмине спорот потребата за воведување на контрамерки.

-Владата прави се за да не дојде во ситуација да воведуваме контра – мерки како одговор на постапката на Косово – велат од Министерството за земјодлество.

Оттаму информираат дека министерот Љупчо Николовски е во постојана комуникација со тамошните власти.

Од Министерството за земјодлество информираат дека решение за проблемот со воведените заштитни мерки од страна на Косово ќе се бара и на заедничка средба на сите ресорни министри од регионот која ќе се одржи во среда.

Доколку не се надмине проблемот во среда,најавена е средба и на министрите за земјоделство Љупчо Николовски и за економија Крешник Бектеши со нивните колеги – косовските ресорни министри.

-Целта е Укинување на одлуката и овозможување на брз проток на стоки и услуги како и трговска размена помеѓу двете земји – посочуваат од Министерството за земјоделство.

Минатата недела Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Министерството за економија, испратија допис до ЦЕФТА, Европската унија и до Владата на Косово, со кое се бара повлекување на одлуката на Косово за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Доколку и покрај сите напори и средби кои престојат Косово не ја повлече одлуката, Владата на Република Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...