Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за денар и половина

88

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и половина, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „еуросупер БС 95“ изнесува 71 денар за литар, а „еуросупер БС 98“ ќе се продава за 73 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство ќе чини за 51,5 денари за литар, додека новата цена на „еуродизелот (Д-Е V)“ изнесува 62,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М -1 НС се намалува за 0,81 денари за килограм и новата цена на овој енергенс ќе изнесува 33,897 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 1,96 проценти. РКЕ ја донесе одлуката врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...