Во рамките на овогодинешното 65-то издание на Пула филмски Фестивал во Хрватска, долгометражниот игран филм „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ ја освои наградата Златна Арена за најдобар филм, наградата Златна Арена за режија „за минималистичкиот пристап на режисерот, кој и покрај малиот број на глумци, сцени и локации, остава силен емоционален впечаток на гледателите.„ и Главната награда од Федерацијата на филмсклите критичари на Европа и Медитеранот – ФЕДОРА.
Од Фестивалот беше доделено и признание за Најдобра малцинска копродукција.
„Жаба“ зборува за посттрауматските состојби и безнадежноста, за силата потребна за да се надминат пречките кои животот ги поставува и за постигнување среќа во секојдневниот живот со помош на малите нешта.
Сценариото за овој филм го напишаа Пјер Жалица и Елмир Јукуќ, а истото се базира на истоимената театарска претстава по текст на Дубравко Михановиќ. Претставата е регионален хит и во текот на изминатите десетина години е одиграна над 260 пати.
Кинематографер на филмот е Дејан Димески а снимател на звук е Игор Поповски.
Улогите ги толкуваат: Емир Хаџихафизбеговиќ, Александар Сексан, Мирсад Тука, Моамер Касумовиќ.
„Жаба“ е копродукција помеѓу Рефреш Продукција од Босна и Херцеговина, Скопје Филм Студио, Пропелер Филм Хрватска и Ливинг Пикчрс Србија. Филмот беше поддржан од Агенцијата за филм на Р.Македонија, националните фондови на земјите копродуценти и од фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции ЕУРИМАЖ.