Кубанскиот Парламент го одобри нацртот за нов устав, ќе се признава приватна сопственост

Новиот устав се стреми да го зачува еднопартискиот социјалистички систем, но и да го подготви теренот за признавање на приватните претпријатија.

89

Кубанскиот парламент го одобри новиот нацрт-устав.

Предлогот беше едногласно усвоен од страна на пратениците. Новиот устав се стреми да го зачува еднопартискиот социјалистички систем, но да воведе голема реорганизација во управувањето и да го подготви теренот за признавање на приватните претпријатија и правата на хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица.

Владата, исто така, сака да направи промени во планската економија од советски тип, за да создаде „успешен и одржлив” социјализам.

Од 13 август до 15 ноември предлогот ќе биде предмет на јавна расправа, во која, според властите, ќе учествуваат милиони Кубанци.

Потоа тој ќе биде вратен за доработка во парламентот, а потоа граѓаните ќе треба да се произнесат на референдум, кој се очекува да биде спроведен до крајот на годината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...