ОБНОВЕНО Самоубиствен напад на аеродромот во Кабул, целта бил потпретседателот

Достум се врати дома откако помина 14 месеци во егзил во Турција.

190
ФОТО: EPA/JAWAD JALALI

Најмалку 11 лица загинаа при самоубиствен бомбашки напад на аеродромот во Кабул, кој беше изведен само неколку минути откако авганистанскиот потпретседател, генерал Абдул Рашид Достум се врати во земјата од егзил, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата во Кабул Хашмат Станакзаи изјави дека во нападот се повредени најмалку 14 лица, вклучувајќи и цивили и припадници на безбедносните сили.

Експлозијата одекна додека симпатизерите на Достум беа собрани на влезот на аеродромот за да го поздрават, јави ДПА.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш рече дека бомбашот-самоубиец бил идентификуван од страна на полицијата, но дека го активирал експлозивниот елек пред да може да биде уапсен.

Достум се врати дома откако помина 14 месеци во егзил во Турција.

Тој го напушти Авганистан во мај 2017 година, пред да започне судска постапка против него за наводно киднапирање и тортура на политички противник.

ОБНОВЕНО

Одговорноста за нападот ја преземе терористичката организација „Исламска држава“. ИД прецизира дека цел на самоубиствениот напад бил авганистанскиот потпретседател Абдул Рашид Достум.

Бројот на загинати се искачи на 14 лица ја презеде одговорноста за нападот во близина на аеродромот во Кабул, при што загинаа 14 лица, а на повредени – 50.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани силно го осуди нападот.

ФОТО: EPA/JAWAD JALALI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...