Повторно отворено летувалиштето на балтичкиот брег што го изградил Хитлер ВИДЕО

219

По повеќегодишна обнова, отворено е летувалиштето Прора на брегот на Балтичкото Море, со што ова место добива статус на туристичка локација.

„Тоа е сертификат за одредено ниво на туризам и знак дека Прора и натаму ќе се развива и ќе се унапредува како туристички центар“, изјавил портпаролот на градската управа Бинц, каде се наоѓа одморалиштето.

Интересно за ова летувалиште е што е изградено по наредба на Адолф Хитлер, а и тој самиот често ја контролирал изградбата. Било наменето за сместување на повеќе од 20.000 туристи, работници од Германија.

Комплексот се состои од повеќе шесткатници. Војната ги пореметила овие планови, па проектот бил напуштен при градењето во 1939. година.

Во 2013 година, германската компанија „Метропол маркетинг“ го презела комплексот и го обновила, уредувајќи луксузни станови за продажба и изнајмување. Се очекува првите туристи да пристигнат во август оваа година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...