Звучи неверојатно, но братот на Меган Маркл и напишал писма на кралицата Елизабета молејќи ја да внимава на неговата сестра, бидејќи тој и семејството Маркл стравуваат дека Меган би можела да доживее иста судбина како и принцезата Диана, ако не успее да се прилагоди на кралското семејство.
Како што јавуваат медиумите, писмото во кое Томас од кралицата бара да ја заштити неговата сестра напишано е рачно, а тонот на писмото е многу емотивен. Тој предупредува дека Меган во друштво на кралицата чепка во носост, и дека тоа на кралското семејство веројатно нема да му се допадне и на крај би можела да заврши трагично.
– Меган имаше сон еден ден да биде принцеза како Диана. Би било тажно да се види како нејзините соништа се распаѓаат, ако таа не успее да се прилагоди на новата улога и биде присилена да го напушти кралското семејство – напишал во писмото Томас Маркл.
Тој верува дека неговата сестра може многу брзо да умре и дека би можела да доживее слична трагедија како принцезата Диана, која загина во трагична сообраќајна несреќа во август 1997 година во Париз. Иако е утврдено дека станува збор за несреќа, некои и натаму веруваат дека е во прашање завера, дека принцот Чарлс и кралицата го организирале убиството на Диана.
Тоамс Маркл во своето писмо ни помалку ни повеќе го повикува кралското семејство да разговара со него и дека тој ќе им објасни некои работи во врска со војвотката од Сасекс. Тие кои го познаваат семејството Маркл и братот на Меган, тврдат дека тој всушност ужива во фактот да ја посрамоти и исмева својата сестра, уживајќи кралското семејство да го доведе во незгодна ситуација.