Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер напиша дека „можеби е незаконски“ адвокат да го снима клиентот.
Твитот на Трамп уследи откако вчера беше објавен извештај дека неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен ги снимал разговорот со американскиот претседател, во кои тој зборува за исплати на жена која тврди дека има афера со Трамп.
– Несфатливо е што Владата упадна во кабинет на адвокат (рано наутро) – практично е нечуено – напиша Трамп на Твитер.
Тој додава дека „понесфатливо е тоа што адвокат го снимал својот клиент“.
– Тотално нечуено, можеби незаконски. Добра вест е што Вашиот омилен претседател не направи ништо лоши – истакнува Трамп на Твитер.
При претресот на куќата на Коен на почетокот од годината пронајдена е снимка од разговорот со Трамп за исплата на поранешниот модел на „Плејбој“ Карен Мекдугал, за да молчи за наводната афера.
Американското Министерство за правда ги следи наводите за подмитување на жени кои тврдеа дека имале афера со Трамп, а Коен е под истрага поради даночна измама и за можно кршење на законото за избори.
Пред изборите Мекдугал за 150.000 долари ја продаде приказната за наводната афера на „Нешнал енквајер“, чиј сопственик е близок пријател на Трамп.
Но, таа не само што ги продаде правата, туку и е забрането јавно да зборува за наводната афера. Бидејќи нејзината приказна не е објавена, Мекдугал изјави дека е измамена.
Адвокатот на американскиот претседател, Руди Џулијани за „Њујорк тајмс“ изјави дека Трамп и Коен разговарале и за исплата на Мекдугал, но оти парите никогаш не се префрлени на нејзина сметка, како и оти снимката претставува „силни ослободителни докази“.