СДСМ: Анѓушев се откажа од управувачките функции во компаниите, нема судир на интереси

542

Неточни се шпекулациите на ВМРО-ДПМНЕ за вицепремиерот Кочо Анѓушев. Вицепремиерот во целост го испочитува Законот за судир на интереси со стапување на функцијата и се откажа од управувачките функции во компаниите каде што има сопственост, во меѓувреме ја продаде компанијата ЕДС за да се избегне токму судирот на интереси, а целосно транспарентно го објави и анкетниот лист, реагира СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Фондот за иновации доделил финансиски средства на фирми на Анѓушев.

– ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и за тендерот на Министерството за здравство. За конкретниот тендер се уште нема одлука и смешно е да се бара негово поништување, бидејќи тој сè уште не е доделен – велат од СДСМ.

Од таму порачуваат ВМРО-ДПМНЕ да не крева паника неосновано.

– Правилата важат подеднакво за сите, а доколку се утврди каква било неправилност или судир на интереси ќе следува ревизија на одлуките. Економските политики на Владата предводена од СДМ даваат реални резултати и тоа го гледаат сите, освен ВМРО-ДПМНЕ којашто останува заробена во матрицата на криминал, корупција и расипништво. Наместо да шири измислици и лажни, неосновани обвинувања, додека во позадина бара амнестија за криминалите, ВМРО-ДПМНЕ да одговори како и на кој начин стана најбогата партија во Европа со имот вреден 60 милиони евра додека Македонија тонеше во долгови. Јавноста многу добро знае како братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков ја киднапираше целата македонска економија, како двоецот Јанакиески и Груевски договараа провизија од над 25 милиони евра за автопатите, како со милионски суми народни пари се поткупуваа и контролираа бројни медиуми – велат од СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...