Францускиот министер за внатрешни работи Герар Коломбо идната недела ќе оди на распит пред пратениците за случајот со обезбедувањето на претседателот Емануел Макрон, снимен како тепа демонстранти на протест.
Претставниците на долниот дом ќе го испрашуваат во понеделник, а сенатот во вторник.
Личниот обезбедувач на Макрон, приведен е во петокот во полиција на распит откако се појави снимка на која на протестите на 1 мај, со полициска кацига и полициска идентификациска исправа, додека не бил на должност влече една жена и потоа тепа демонстрант. Тој подоцна е препознаен како припадник на претседателското обезбедување