Возач во Романија ја преправил својата регистерска табличка во политичка порака земајќи го акронимот на владеачката Социјалдемократска партија ПСД и додавајќи ги буквите МУИЕ, што во превод заеднички би значело „Попуши ПСД“.
Табличката привлекла внимание на полицијата и на социјалните мрежи, пишува Еуроњуз, но изгледа сосптвеникот на автомобилот не ги прекршил романските закони.
Автомобилот е регистриран во Шведска каде може сопствениците да користат персонализирани таблички. Според тамошниот закон, регистарските ознаки може да имаат било каков текст или комбинација на бројки до седум знаци ако веќе претходно не се во употреба. Цената на таквите персонализирани таблички е околу 640 евра.