Свечено отворено културно – забавното лето „На зајдисонце –Трпејца 2018”

Овации за акордите на дуото ДИС - Денис Мурат и Стефани Стефановска и палетата на експресивноста и силниот естетски и душевен порив на Свето Стефаноски

158

Ретко убав спој на музиката со популарното музичко и од неодамна брачно дуо ДИС – Денис Мурат и Стефани Стефановска од Скопје и дел од ликовната палета од експресивни моменти, со силен естетски и душевен порив, на уметникот Свето Стефаноски, синоќа, во амбиентот од преубавата надезерска и крајезерска – Трпејца, македонското Сен Тропе, свечено започна традиционалното, годинава седма по ред, Културно – забавното лето „„На зајдисонце –Трпејца 2018”.

На чинот на свеченото отворање на манифестацијата, кое гопроследи бројна публика, на веќе позната сцена „кај Бунарот“, говореше претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелеска.

Последниве години Стефановски живее на релацијата помеѓу Скопје и Охрид.

Ликовната кртика за него ќе забележи: „Делата на Свето Стефановски, имаат препознатлив стил и јазик со изразита енергија. Широка е палетата на неговото изразување. Кај него ќе најдете и пејзаж,и Стара чаршија, и Охрид и цркви и манастири, ама и цвеќе. Тој не му робува на традиционалното сфаќање на догмите за сликарството. Ослободен е од пресликување на стварноста. Природата кај него е дематеријализирана”.

– Свето Стефаноски е уметник, во чиии ликовни оствартувања можат да се препознаат експресивни моменти, а кои авторот ги изразува со силен естетски и душевен порив. Чистототата во неговите слики е толку јасна, штопораките се надовруваат една врз друга, успешно давајќи ни многу повеќе од она што го знаеме. Свето Стефаноски, се движи, уметнички созрева кон една содржина, вертикала и височина што наредниве години ќего внесе во најпознатите галерии во земјата и светот- вели, познатиот ликовен уметник Јордан Манасиески.

Извор: Веле Митаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...