Пентагон синоќа соопшти дека ќе одвои 200 милиони долари за вооружените сили на Украина, кои ќе бидат употребени за обука, консултантска помош и опрема.
Средствата се наменети да го оптимизираат управувањето и командата на силите, обезбедување на комуникациите и медицинско лекување. Временскиот распоред за испорака ќе биде објавен подоцна, соопшти Министерството за одбрана на САД.
Новата воена помош се совпаѓа со обидите на Владата во Киев да ги доближи своите вооружени сили по функционалност со силите на НАТО.