Овој маж од Кенија е најпопуларен кај дивите животни и веднаш се собираат штом го слушнат звукот на неговиот камион.
Патрик Килонзо секојдневно вози 11 илјади литри вода за да ги напои слоновите, бизоните, антилопите и зебрите.
– Таму нема вода па животните во целост зависат од луѓето. Ако не им помогнеме, тие ќе умрат.
Животните толку се навикнале на него така што се собираат веднаш кога ќе слушнат дека доаѓа.
– Синоќа затекнав 500 бизони како ме чекаат покрај дупката за вода. Кога се приближив, можеа да ја намирисаат водата. Почнаа се повеќе да ми се проближуваат. Беа толку возбудени и почнаа да пијат додека се уште бев таму – вели тој.