Француската актерка Санд Ван Рој (27) го обвини францускиот режисер Лук Бесон (59) за силување, а полицијата потврди дека тој во моментот е под истрага.
Ван Рој во интервјуто за каналот БФМ рекла дека се се случило на 18 мај во хотелската соба во Париз.
– Се плашев дека ќе умрам. Следниот ден толку ме болеше така што се онесвестив. Кога е толку насилно, тоа е силување. Плачев, му реков да стане, повраќав. Ме принудуваше на одвратни сексуални чинови. Му покажав дека не го сакам тоа. Тоа беше силување – рекла Ван Рој, која наводно е во тајна врска со Бесон последните две години.
Таа го пријавила во полицијатa во Париз во мај, а оттаму потврдиле дека режисерот во моментот е под истрага поради силувањето.
Актерката Ван Рој, која се појави и во два негови филмови „Такси 5“ и „Валериан и градот на илјада планети“, во пријавата навела дека се чувствувала лошо откако испила чај и се онесвестила, а потоа Бесон ја силувал.
Адвокатот на Бесон, Теи Маремберт ги отфрлил сите обвиненија и ги нарекол „фантазии“.