Директорите на МЕПСО со антишок фотелји ќе се релаксираат од многу работа

Целата набавка се предвидува да чини 350.000 евра.

1961

Столчиња во ергономски дизајн со огноотпорна пена и тапацирани со телешка кожа, набавува државната компанија МЕПСО.

Овие сточиња, како што стои во техничката спецификација на јавната набавка се наменети за директорите, секретарката и за работниците во пријавницата.

Освен тоа, овие столчиња треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција. Наслонот на столчињата да биде флексибилен и да се регулира според тежината на корисникот. дополнитлено треба да имаат гаранција од најмалку 4 години.

Покрај ова МЕПСО на тендерот ќе набавува и кујни, столчиња ормари и друг канцелариски материјал.

Целата набавка се предвидува да чини 350.000 евра.

Заинтересираните фирми имаат рок до септември да достават понуда.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...