Продажбата на автомобили во Европа минатиот месец забележа раст од 5,1 отсто на годишно ниво, при што најголем пораст е регистиран во Германија, Франција и Шпанија, соопшти Асоцијацијата на европските производители на возила.
Според податоците на Асоцијацијата, во земјите на ЕУ и на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), минатиот месец биле регистрирани 1,62 милиони нови возила, што е значително повеќе во споредба со 1,54 милиони регистрирани во истиот месец лани.