Продавачите на „Лице в лице“, денеска, во придружба на писателката Јагода Михајловска Георгиева, овогодишна добитничка на наградата „Стале Попов“ од ДПМ, за нејзиниот последен роман, „Манастир Фуентерабија“, на граѓаните во центарот на Скопје им го претставија најновото издание на списанието, посветено на тема: право на домување.
Романсиерката одлучи со секој купен примерок од нејзината најнова книга, „Манастир Фентерабија“, издание на „Три“, да одвои една половина од својот авторски хонорар за оваа ранлива група, во текот на целата 2018 година. Парите ќе бидат вложени кон создавање структуриран животен стил и подготовка за пазар на труд на младинците што по навршувањето 16 години стануваат и продавачи на „Лице в лице“.
– Ако можете вие да им помагате и да ги поддржувате таканаречените ранливи категории, можам и јас. Штом можам јас, можат да се вклучат и многу други, секој според своите можности и совест. Нека е и симболично во однос на потребите на тие деца и возрасни, сепак е повеќе од кревање рамена, вртење глава на друга страна, или сожалување. Емпатијата е една од најблагородните „зарази“, и треба да се шири – вели Михајловска Георгиева, во интервју за новиот број на „Лице в лице“.
Носечката тема на новиот 29.број број на уличното списание „Лице в лице“ е врзана за бездомништвотото.