Новиот апсолутен моден хит се неонските бои. И да не сте љубител на овие бои, кога ќе ја погледнете новата колекција на Прада веднаш ќе се вљубите во неа. Неонските бои најдобро изгледаат на чантите и ремените, а според интересот кој го побудија јасно е дека ќе доминираат оваа летна сезона.
Новата колекција е претставена на Миланската недела на модата во фебруари, и веќе ги пополниле рафтовите во продавниците и чекаат на купувачи кои се опседнати од боите. Тука се линиите клач и ремен чантички, како и футуристичкиот модел Cloudbust патики.