Волас демантира дека се идентификувани напаѓачите во Случајот Скрипал

71
EPA/YURY SENATOROV

Британскиот министер за безбедност Вен Волас денеска ги демантираше тврдењата дека полицијата идентификувала неколкумина Руси, одговорни за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

– Мислам дека приказната припаѓа на категоријата „дезинформации и луди шпекулации – рече Волас.

Претходно денеска, Би-Би-Си јави дека англиската полиција верува дека ги идентификувала осомничените за труењето на таткото и ќерката.

Скрипал и неговата ќерка во март годинава во Солсбери беа отруени со нервен гас Новичок, за кој официјален Лондон тврди дека се произведува единствено во Русија. Тие двајца, неколку недели беа во болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...