Грција дала 5.000 златни визи на инвеститори во недвижности

Од 2012 година, Грција дала 5.000 „златни визи“ на странци кои инвестирале во недвижности во вредност од над 250.000 евра

290

Од 2012 година, Грција дала 5.000 „златни визи“ на странци кои инвестирале во недвижности во вредност од над 250.000 евра, јави агенцијата АНА.

Во текот на првата година, побарувачката за визи се зголемила од 400 на годишно ниво на 50 дневно, со приходи кои надминаа 1,5 милијарди евра.

Програмата „Златна виза“ главно ја користат азиските граѓани, особено кинеските, како и Арапите и Русите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...