Неверојатен момент како слепа 62-годишна слоница на Тајланд танцува и се ниша на музиката додека еден човек свири пијано за неа во дивината.
Во видеото, британскиот пијанист Пол Бартон објаснува дека „милата“ стара слоница, Лам Дуан, е слепа веќе неколку години и дека сака да слуша музика.
Лам Дуан, што значи „Дрво со жолти цветови“, моментно живее во Резерватот за слонови на Тајланд, објект за спасување на болни животни, стари или изнемоштени слонови.
Бартон (57) вели: „Јас бев трогнт кога првпат ја видов Лам Дуан кога пристигна во резерватот во 2012 година.
Таа е толку неуморна. Кога свириш за неа, таа се смирува. Иако слепа, таа ниша напред и назад“.
Лам Дуан ги помина првите 20 години од нејзиниот живот работејќи за трговијата на сеча на дрвја.