Занимливости за Русија – територијално најголемата земја на светот

Русија е единствена земја на светот којашто ја заплискуваат 12 мориња.

294

Познато е дека Русија е територијално најголемата земја на светот, и од секоја страна може да се најде по некоја занимливост, за која многумина не чуле. Еве неколку интересни факти за оваа држава што се простира на два континента…

– Русија е единствена земја на светот којашто ја заплискуваат 12 мориња.

– Планинската верига Урал, што ја дели Русија на европски и азиски дел, е најстарата планинска верига на светот. Русија се смета за европска држава, иако две третини од нејзината територија се во Азија.

– Санкт Петербург е најсеверниот град на планетава во којшто има над милион жители.

– Површината на Сибир изнесува 9,7 милиони квадратни километри, што е девет отсто од вкупната територија на земјата.

– Времето на чекање меѓу два воза во московското метро е најкус во споредба со каде било на светот. Во најпрометниот дел од денот возовите поминуваат на најмногу 90 секунди.

– До неодамна Москва важеше за град во кој живеат најголем број милионери на светот.

– Градот Суздал се простира на 15 квадратни километри, а има само 10.000 жители и 53 цркви.

– Секој владетел од династијата Романови на својот наследник му оставал поголема држава отколку што наследил.

– Градскиот парк на Москва е поголем од сите други паркови во светот. За споредба, тој е шестпати поголем од Централ паркот во Њујорк.

– Русија има најмалку 15 тајни градови коишто ги нема на мапите и до кои нема патокази.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...