Македонија ја потпиша Конвенцијата за даночни прашања на Советот на Европа

Станува збор за конвенција потпишана од повеќе од 120 држави. Овозможува даночна соработка меѓу потписниците преку размена на информации, соработка при наплата на даноци, заеднички даночни контроли...

81

Со цел борба против даночната евазија и сивата економија, Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања на ОЕЦД и Советот на Европа, соопшти денеска Министерството за финансии.

Станува збор за конвенција потпишана од повеќе од 120 држави. Овозможува даночна соработка меѓу потписниците преку размена на информации, соработка при наплата на даноци, заеднички даночни контроли,…

– Конвенцијата е глобален инструмент за даночна соработка меѓу државите и воедно најопширна мултилатералнa конвенција за размена на информации и даночна соработка. Меѓу земјите потписнички се и земјите од Г-20 и земјите членки на ОЕЦД. Од регионот потписнички на конвенцијата се Албанија, Бугарија, Хрватска и Словенија – информира Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...