Косовската полиција уапси четири лица во Приштина под сомнение дека се поврзани со убиства и криминал. Акцијата е спроведена по налог на Интерпол.
Меѓу уапсените двајца се државјани на Црна Гора, еден на Србија и еден Косовец. Двајцата Срби се осомничени за убиства и киднапирање на луѓе во последните години во Србија.
При акцијата пронајдено е и огнено оружје, муниција и наркотици.