И Будимпешта се повлекува од Договорот за миграција на ОН

125

Унгарија ќе се повлече од Договорот за миграција на ОН, бидејќи смета дека тоа е „опасност за светот”.

Глобалниот договор за безбедна, уредена и регулирана миграција беше одобрен во петокот од сите 193 држави членки на ОН, освен САД, кои се повлекоа од него уште минатата година.

Но, Унгарија реши да не учествува на предвидената церемонија во декември и да не го става својот потпис под финалната варијанта на документот.

Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, на прес-конференција изјави дека текстот е целосно против безбедносните интереси на Унгарија.

– Тоа е закана за светот во смисла на инспирација на милиони луѓе да емигрираат – вели тој.

– Главната позиција е дека миграцијата е добар и неизбежен феномен. Ние сметаме дека миграцијата е лош процес, кој има многу сериозно влијание врз безбедноста – рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...