Директорот на компанијата „Тесла“ Елон Маск му се извини на британскиот нуркач вклучен во спасување на децата од пештерата во Тајланд оти го нарече педофил.
Во Твитер-порака, вчера Маск рекол дека зборувал во бес во неделата, кога нуркачот Верн Ансворт со подсмев ја отфрлил неговата понуда за спасување на 12 деца и нивниот тренер да ја користат неговата мала подморница, и го обвини Маск и инжењерот на „Спејс X“ за рекламен трик.
Маск рекол дека критиката на Ансворт го налутила, но дека не требало нуркачот да го нарече „педо тип“.
Маск додал „грешката е моја и само моја“. Пораката со навреди која Маск преку Твитер ја објави во неделата, а подоцна ја избриша ги исплаши инвеститорите од акциите на „Tесла“, кои вчера паднале речиси три отсто.
Нуркачот Ансворт претходно неделава рекол за CNN дека размислува да тужи за навреда.