Една од најуникатните музички појави во регионот, неприкосновената музичка дива Јосипа Лисац, во рамки на својата турнеја „50
години Јосипа“, после распродадените големи концерти во арена Пула, Сава Центар, неколку последователни концерти во Лисински во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го
одржи во Скопје, во новата сала на Македонската Филхармонија, најавуваат од Авалон продукција и напоменуваат дека се одржува само еден ексклузивен концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 800 влезници.
„Јосипа Лисац има таква кариера што нема никаква потреба ништо дополнително да се објаснува, освен да се каже дека сме неверојатно радосни што во нејзиното се` поретко одење на турнеи влегува и Скопје и тоа со ваков гала концерт“, велат од „Авалон“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од сабота (03.03) во 9 часот наутро преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, по следниве цени:
GOLDEN SEATS- 2.000 ден
SILVER SEATS- 1.500 ден