Двегодишно девојче од Бостон првпат излегува од болница (ВИДЕО)

- Кога ја напуштавме болницата Меј беше збунета, па мораше да праша: навистина може да излеземе надвор?! - раскажува Кортни Козлов, мајката на девојчето.

247

Двегодишната Меј Козлов-Вогел сиот свој досегашен живот го минала во Детската болница во Бостон, САД, поради ретка болест на белите дробови, а периодов првпат виде како изгледа светот вон болницата.

– Кога ја напуштавме болницата Меј беше збунета, па мораше да праша: навистина може да излеземе надвор?! – раскажува Кортни Козлов, мајката на девојчето.

Интерстицијалната белодробна болест кај детето е дијагностицирана при нејзиното раѓање во 2016 година. Минатиот август состојбата и се влошила, па нејзините родители се согласиле на трансплантација на два бели дроба. Донорот се појавил уште наредниот месец, и по извесно време операцијата е успешно изведена, по што следела рехабилитација.

– Меј е пресреќна што е надвор, да се шлапка во вада… И, многу е зборлеста, и нема ништо поубаво од тоа да се чуе нејзиниот глас, вели нејзината „друга мајка“ Мора Вогел, која живее во истополова заедница со Козлов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...