Ќе се доделуваат концесии за стопанисување со риби и риболовни ревири

Рибите од риболовните ревири и рекреативните зони за организирање рекреативен риболов, како и за вршење стопански риболов се доделуваат на концесија за период од шест години.

283

Владата на вчерашната седница донесе одлуки за почнување постапки за доделување концесија за повеќе риболовни води.

Концесиите се однесуваат на рекреативните зони на Охридското и Дојранското Езеро, Црна Река 1–демирхисарски, Црн Дрим 2, Злетовска Река, Треска 1 – Кичевски и Акумулација Матка, а за вршење стопански риболов на риболовните подрачја Охридско и Дојранско Езеро.

Рибите од риболовните ревири и рекреативните зони за организирање рекреативен риболов, како и за вршење стопански риболов се доделуваат на концесија за период од шест години, по пат на јавен повик согласно Законот за рибарство и аквакултура и Законот за концесиии и јавно приватно партнерство.

– Стопанисувањето со рибите е детално уредено во Риболовните основи за одделните риболовни води кои преставуваат стручни судии за начинот на стопанисување со рибите и гарантираат одржливо користење и заштита на рибите – велат од Министерството за земјоделство.

Оттаму информираат дека има промени во Риболовната основа за риболовната вода Охридско Езеро со цел да се обезбеди целосна заштита и одржливо користење на рибите во езерото. Направени се измени во делот на утврдување на периодот на мрест и времето во кое е дозволен риболовот и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за охридската пастрмка, охридската белвица и крапот.

„Пради одржување на популацијата намалени се количините на дозволен улов на видот охридска белвица. Направени се измени кои ги задоволуваат потребите на рекреативните риболовци, а со тоа и развојот на риболовниот туризам. Значајно е тоа што во оваа постапка за доделување концесија на рибите од риболовната вода Охридско Езеро се доделуваат на користење според овие измени“, информира Министерството за земјоделство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...