Манекенката Анабел Нилсон, поранешна сопруга на милионерот Нет Ротшилд, и блиска пријателка на дизајнерот Александар Меквин, пронајдена е мртва.
Засега не се познати детали за нејзината смрт, но нејзините пријатели за „Дејли Меил“ раскажале дека се борела со депресија и дека поради тешки болки во грбот, откако во 2013 паднала од коњ, била зависна од таблети против болки.
Анабел како тинејџерка преживеала брутален напад во кој била претепана и по тоа се борела со зависноста од хероин. Кога имала 16 години, маж ја врзал за дрво и ја тепал два часа. По ова таа морала да оди на пластична операција и долго страдала од психички последици.