Македонско-Бугарска комора: „Минстрој“ останува на понудата за „Фени“

903

Бугарската компанија „Минстрој Холдинг“ останува со понудата за „Фени индустри“, информираше денеска компанијата и Македонско – Бугарската комора.

-Компанијата „Минстрој Холдинг“, членка на нашата комора има остварено средби со банките доверители во „Фени“, синдикатот на транспортерите и сите други засегнати страни за спасот на кавадаречката компанија.Потенцираме дека нашата членка „Минстрој Холдинг“, даде официјална понуда за 100 отсто исплата на побарувањата на Комерцијална и Стопанска Банка на ден, која што вклучува исплата на главница, гаранции, камати, пенали и останати трошоци како и покривање на трошоците на стечајната постапка – велат од Македоснко-Бугарската комора.

Од „Минстрој Холдинг“ додаваат дека е понудена гаранција од првокласна банка и даден е депозит кој стои во банка во Република Македонија и чека на одлука од банките како главни доверители, да им биде префрлен на нивна сметка.

Покрај исплатата на сите доверители „Минстрој Холдинг“ достави понуда до Владата и Банките дека во наредните две години ќе вложи инвестиции од 30 милиони евра за санација на двете електро печки и останатата опрема.

-Остануваме на официјалната понуда кон останатите доверители за исплата на побарувањата утврдени во стечајната постапка во висина од 100 отсто – информираат од „Минстрој Холдинг“.

„Минстрој Холдинг“  е докажана и реномирана компанија во македонската економија преку инвестиција во висина од преку 30 милиони евра во компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип  во рудниците Тораница и Злетово. „Минстрој Холдинг“ вработува преку 4.500 вработени и инвестирано повеќе од 300 милиони евра во различни проекти.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...