Сочен бакнеж на Мерил Стрип и Шер на премиерата на „Мама миа“

1115

На премиерата на вториот дел на мјузиклот „Мама миа“, публиката во Лондон, освен актерската екипа, можеше да види и една несекојдневна сцена.

Оскаровките Шер (72) и Мерил Стрип (69) сочно се бакнаа на црвениот тепих, што фотографите и камерманите го овековечија.
Оваа глетка дефинитивно ја обележа премиерата, а актерката и пејачката продолжија расположено да позираат.

Во филмот „Мама миа: Одиме повторно“ играат уште Аманда Сејфрид, Лили Џејмс, Колин Фирт, Пирс Броснан, Енди Гарсија и други.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...