Бескрајната борба на Романците против корупцијата продолжува, повторно протест во Букурешт

- Разбуди се и излези на улица! Диктатурата секогаш се воспоставувала преку закони! - пишува на транспарентнот на романските опозиционери.

149

Демонстранти поставија голем транспарент пред зградата на романската Влада пред денешната седница на која се разгледува закон за амнестија.

– Разбуди се и излези на улица! Диктатурата секогаш се воспоставувала преку закони! – пишува на транспарентнот на романските опозиционери.

Политичките превирања избија околу предлог законот за декриминализирање на злоупотребата на службената положба, дело за кое се прават обиди да се уапси лидерот на владејачките социјал-демократи Ливиу Драгна.

Опозицијата и претседателот Клаус Јоханис се обидуваат да го спречат ова преку Уставниот суд. Драгна негираше дека власта планира закон со кој сака да го помилува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...