Таткото на Меган Маркл повторно шокира: „Би сакал да ми се јави, бидејќи можеби ќе умрам наскоро!“

73-годишниот Американец повторно ги користи медиумите за да дојде до ќерка му и ја преколнува да му се јави, бидејќи се плаши дека нема да живее уште долго.

267

73-годишниот Американец повторно ги користи медиумите за да дојде до ќерка му и ја преколнува да му се јави, бидејќи се плаши дека нема да живее уште долго.

Томас Маркл одлучил да ги искористи медиумите за да дојде до Меган. Во своето последно обраќање до странските медиуми ја преколнува ќерка му да му се јави, бидејќи не е сигурен уште колку долго ќе живее.

– Имав срцев удар… и можеби наскоро ќе умрам. Зар таа навистина сака нашиот тогашен разговор и она што си го кажавме да биде последното нешто што го чула од мене? – изјавил таткото на британската војвотка.

Меган Маркл се преселила во Лондон пред девет месеци и оттогаш не видела речиси никого од своето семејство, освен мајка ѝ Дорија Регланд која единствена присуствуваше на кралската венчавка во Виндзор. Тогаш Меган се чула со татко ѝ преку телефон, бидејќи тој не можел да дојде на венчавката поради операција на срцето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...