Иран ги тужи САД за санкциите

Како што соопшти иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, целта на тужбата е „да се утврди одговорноста на САД за незаконското ново воведување на едностраните санкции“ кон Иран.

66

Иранските власти денеска пред Меѓународниот суд на ОН во Хаг поднесоа тужба против САД поради возобновата на американските економски санкции кон Иран.

Како што соопшти иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, целта на тужбата е „да се утврди одговорноста на САД за незаконското ново воведување на едностраните санкции“ кон Иран.

„Независно од тоа што САД ја занемаруваат дипломатијата и своите законски обврски, Иран го почитува владеењето на правото“, наведе Зариф на Твитер.

Ова е втора тужба на Иран против САД, по онаа за одлуката на американскиот Врховен суд од април годинава за замрзнување на речиси два милиони долари ирански средства во американски банки. Почетокот на процесот по оваа тужба пред Меѓународниот суд во Хаг е закажан за 8 октомври.

САД ги возобновија санкциите кон Иран по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на Вашингтон од договорот за иранската нуклеарна програма.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...