Речиси 100.000 Руси учествуваа во марш во чест на царското семејство

Патријархот московски и на цела Русија. Кирил која ја предводеше поворката верници, придружуван од високи политички претставници, отслужи и божествена литургија пред „Црквата на крвта“.

124

Безмалку 100.000 лица минатата ноќ учествуваа во марш со кој му оддадоа почит на последниот руски цар Николај Втори и неговото семејство, убиени од страна на комунистите по Октомвриската револуција.

Маршот започна од „Црквата на крвта“ во рускиот град Екатеринбург и заврши во манастирот „Св. Царски Маченици“ во месноста Ганина Јама, со што беше одбележа стогодишнината од убиството на челновите на царското семејство Романови.

Патријархот московски и на цела Русија. Кирил која ја предводеше поворката верници, придружуван од високи политички претставници, отслужи и божествена литургија пред „Црквата на крвта“, а подоцна одржа и молебден за царското семејство.

Царот Николај Втори, неговата сопруга царицата Александра, нивниот син принцот Алексеј и принцезите Олга, Татјана, Марија и Анастазија беа канонизирани од страна на Руската православна црква во 2000 година. Тие биле убиени заедно со нивните најблиски соработници, царскиот лекар и слугите во близината на Екатеринбург на 16 јули 1918 година. На местото на нивното убиство е подигната „Црквата на крвта“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...