Штрајк за плати на работници во Норвешка ја зголеми цената на нафтата

Стотици работници во Норвешка штрајкуваат во спор околу нивните плати и пензии.

150

Ширењето на штрајкот на нафтените платформи во Норвешка го запре падот на цената на нафтата на светските берзи. Нафтата денеска порасна за 0,4 отсто на 72,12 долари за барел Брент, откако вчера падна за дури 4,6 отсто.

Стотици работници во Норвешка штрајкуваат во спор околу нивните плати и пензии. На другите нафтени пазари, се очекува американското производство да продолжи да расте благодарение на наоѓалиштата во Пермианскиот басен во Тексас и Ново Мексико, додека во Либија, властите најавуваат натамошно нормализирање на работата на нафтените терминали, но во исто време се соочени со пад на приозводството во полето Шарара, кое е на удар на герилски групи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...