Туристи повредени кога вулканска лава погодила брод на Хаваи

Вулканот исфрлил големи парчиња растопени карпи а едно од нив го пробило покривот на бродот.

252

Најмалку 23 лица се повредени во ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваите, кога исфрлената лава паднала врз туристички брод.

Повеќето од повредените се здобиле со изгореници. Вулканот исфрлил големи парчиња растопени карпи а едно од нив го пробило покривот на бродот.

Сопственикот на бродот, Шејн Турпин ја носел туристичката група кон Килауеа токму да им го покаже истекувањето на лавата од вулканот во кој пролетоска се појавија нови потоци на лава кои уништија над 700 домови.


ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...