Франција го затвори трговското претставништво во Русија

234

Франција одлучи да го затвори своето трговско претставништво во Русија по, како што објави денеска, долгите преговори со тамошните власти започнати по протерувањето на шефот на претставништвото.

– Условите за работа на француското претставништво значително се влошија во последниве неколку месеци”, се вели во соопштение од француската Амбасада. Во него се додава дека претставништвото било изложено на „незаконско запленување на неговите банкарски сметки, иако е заштитено со Виенската конвенција (за дипломатски односи)”.

Западните земји за Москва воведоа економски и финансиски санкции поради анексијата на Крим и нејзината улога во украинскиот судир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...