Трамп не гледа причина да верува дека Русија ги хакирала претседателските избори во САД

56

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска во Хелсинки дека не гледа причина да верува дека Русија ги хакирала претседателските избори во 2016 година за да му помогне да победи, а Владимир Путин „беше исклучително силен и моќен во неговото негирање денеска”.

– Претседателот Путин беше исклучително силен и моќен во неговото негирање денеска – рече Трамп на прес-конференција по средбата со Путин во Хелсинки.

Трамп изјави дека го покренал прашањето за наводното руско мешање на американските избори во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

– Поминавме многу време разговарајќи за тоа.

Путин го негираше таквото мешање, велејќи дека обвинувањата се „целосна глупост”.

– Руската држава никогаш не се меша и нема да се меша во внатрешните прашања на САД, вклучувајќи го и изборниот процес – рече Путин на прес-конференцијата..

Путин потенцираше дека е подготвен да соработува со САД за „да ги анализираат заедно” сите конкретни материјали поврзани со наводното мешање во изборите

– На пример, ние можеме да ги анализираме преку заедничката работна група за сајбер-безбедност, за чие воспоставување разговаравме за време на нашите претходни контакти – рече рускиот претседател.

Фото: EPA/ANATOLY MALTSEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...