Тори Спелинг дивеела, семејството повикало полиција

983

„Агресивна е и опасна“, рекол некој од семејната куќа на актерката во Лос Анџелес на полицијата. Тори Спелинг (44) во четвртокот на 1 март доживеала нервен слом. Полицијата се задржала неколку часови во нејзината семејна куќа. Не е познато кој повикал полиција.

Поранешната ѕвезда на „Беверли хилс 90120“, ден порано самата повикала 911, тврдејќи дека некој ѝ провалува во куќата. Но, во идниот повик рекла дека се „збунила“ и дека сопругот Дин Мекдермот (51) дошол дома. Потоа, излегла да се забавува со ријалити ѕвездата Корин Олимпиос.

Тори во 2013 година пред камерите го спасуваше бракот со сопругот, откако ѝ призна дека ја изневерил. Во реалното шоу „Тори и Дин: Вљубени“, поранешната актерка рекла дека бракот го спасила поради своите деца. Во март Тори го роди петтото дете, синот Био.

– Тоа е прво дете што го одгледувавме со љубов и комуникација – изјавила Тори.

Нејзиниот татко Арон Спелинг ѝ оставил само 800.000 долари од своето богатство тешко 600 милиони долари, кои ѝ ги оставил на својата сопруга Кенди. Кенди рекла дека Тори „дивјачки“ троши, а одбила да ѝ ги плати долговите што ѝ се натрупале на кредитните картички. Мајката им ги плаќа прехранбените производи и школарината на децата. Тори лани прогласи банкрот кога државата ѝ „седна“ на сметките, бидејќи не плаќала данок. Најтешко ѝ паднало што морала да престане да оди редовно на третманите со ботокс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...