Детаљ поради кој „Вог“ ја прогласи Ема Вотсон за најдобро облечена на Вимблдон (ФОТО)

2699

Меѓу славните личности кои изминатиот викенд будно ги следеа тениските натпревари на Вимблдон беше и британската актерка Ема Вотстон.

Прочуениот магазин за мода „Вог“ ја прогласи Ема за најдобро облечена позната личност на Вимблдон. Пред неколку дена на трибините осамна облечена во бело од глава до пети, а триделниот костум и белиот шешир во комбинација навистина беа без никаква мана.

Потоа, таа во неделата се појави во прекрасен, но минималистички долг беж фустан на закопчување, кој веројатно би поминал незабележително доколку Ема не ставила ремен во природна боја на кожата. Трикот, сепак, не е во самиот ремен, туку во начинот на кој го закопчала. Досега во многу примери сме виделе дека стилизираниот јазол на ременот секогаш изгледа одлично.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...