Прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи раст од 8,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи раст кај интермедијарните производи, освен енергија за 4,3 проценти, капитални производи за 13 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 процент.
Прометот во индустријата, во мај 2018 година, во однос на април 2018 година, бележи раст од 9,8 отсто, додека во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на периодот јануари – мај 2017 година, раст од 10,2 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во бележи намалува за 1,4 процент, додека на странските пазари бележи раст од 11,3 отсто.