Русија загрижена поради коментарите на Трамп за гасоводот „Северен тек 2“

Говорејќи непосредно пред состанокот на Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, Песков исто така рече дека разговорите меѓу двајцата лидери за Сирија ќе бидат тешки поради ставот на САД за Иран, кој сојузник на Русија и голем играч во сирискиот конфликт .

134

Критиките на американскиот претседател Доналд Трамп за рускиот гасовод „Северен тек 2“ во Европа претставуваат исклучително лош пример за бескрупулозна конкуренција и ја загрижуваат Москва, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Говорејќи непосредно пред состанокот на Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, Песков исто така рече дека разговорите меѓу двајцата лидери за Сирија ќе бидат тешки поради ставот на САД за Иран, кој сојузник на Русија и голем играч во сирискиот конфликт .

Руската новинска агенција РИА ја цитираше изјавата на Песков дека се надева оти разговорите во Хелсинки ќе претставуваат некаков чекор за оддалечеување од актуелната криза во американско-руските односи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...