Тереза Меј: Трамп ми рече да ја тужам ЕУ, а не да преговарам

520

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ рекол на премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, дека треба да ја тужи ЕУ, а не да преговара со нив, рече Меј.

Меј откри дека Доналд Трамп ја советувал да ја тужи Европската Унија како дел од нејзината стратегија за брегзитот. Британската премиерка го кажа ова денеска во разговор на Би-би-си.

„Тој ми рече дека треба да ја тужам ЕУ“, рече Меј. „Тужи ја ЕУ. Не оди на преговори – тужи ги.“

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...